Македонија вчера беше поразена од Романија со 3:2 во натпревар во кој успеавме да дојдеме од 0:2 до 2:2 за само 60 секунди. За жал неколку минути подоцона Романија преку Хаџи постигна гол за победа.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Стрелец на вториот гол за нашата репрезентација беше Александар Трајковски. Трајковски во игра влезе во второто полувреме и тоа се покажа како одличен потег на селекторот Ангеловски. Покрај Трајковски и Адеми кој влезе од клупата се запиша во листата на стрелци.
Денес на социјалните мрежи Трајковски се огласи со кратка порака.
„Кога победуваме добиваме, кога губиме добиваме во карактер“, порача Трајковски.
Фото: ФФМ