Дома Тикет на денот Тикет на денот (вторник, 26.11.2024)

Тикет на денот (вторник, 26.11.2024)

Денот пред нас е со огромен број натпревари, како во ЛШ, така и во ниските лиги на Англија. Ова е нашиот предлог тикет за денес.

Спарта Прага – Атлетико Мадрид – 2 @ 1.65 во Mozzart

Актуелниот шампион на Чешка е во голема криза во последно време и внатрешните проблеми пополека се одразуваат на резултатите. Во домашното првенство се наоѓаат на 4-та позиција со 27 освоени бода што е за 14 помалку од градскиот ривал Славија. Во ЛШ досега освоија 4 бода и тоа може да кажеме дека не е добро засега. Атлетико Мадрид пак не се снајдоа баш најдобро во новиот формат од ЛШ, па сега се наоѓаат на 23-та позиција со 6 освоени бода и учинок од две победи и две реми. Овде веруваме дека гостите ќе успеат да земат нови три бода, а ние типуваме 2 со квота 1.65 во Mozzart.

Шефилд Јунајтед – Оксфорд – 1&2+ @ 1.71 во 22Bet

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Екипата на Шефилд Јунајтед оваа сезона е еден од главните фаворити за првите две позиции во Чемпионшип што ќе им обезбеди повраток во Премиер лигата. После 16 изиграни кола запишаа 10 победи, 4 реми и 2 порази, па моментално се на 3-то место со 32 бода. Оксфорд од друга страна има цел за опстанок во втората лига, а во моментов се на 18-то место. Мора да признаеме дека не се во некоја добра форма во последно време, па така на последните 5 натпревари имаат дури 4 порази и само еден триумф. Шефилд вечерва е голем фаворит, а ние типуваме 1&2+ со квота 1.71 во 22Bet.

Слован Братислава – Милан – 3+ @ 1.45 во Bet365

Актуелниот шампион на Словачка за прв пат во историјата на клубот обезбеди учество во ЛШ меѓутоа во воведните 4 кола се уште не успеаја да земат бодови. Моментално се последнопласиран тим на табелата, а запишаа порази од Селтик, Манчестер Сити, Жирона и Динамо. Росонерите пак запишаа 2 победи и 2 порази, а сега имаат позиција на средината на табелата. Гостите вечерва се големи фаворити, но ние сметаме дека ќе има и најмалку три погодоци на натпреварот. Наш предлог е 3+ со квота 1.45 во Bet365.

ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet365: 4.10

Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тикет на денот

Проверете

Тикет на денот (сабота, 21.03.2026)

Оваа сабота очекуваме да биде максимално уживање за љубителите на фудбалот. Натпревари има…