Манчестер Јунајтед игра уште една сезона во која навивачите немаат многу причини за радост.
„Црвените ѓаволи“ веќе претрпеа елиминација од европските натпреварувања, а не се и во добра позиција во Премиер лигата каде што заостануваат девет бодови зад местата кои водат во Лигата на шампионите.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
За избраниците на Ерик Тен Хаг е потребно што е можно побрзо да влезат во добра серија за да извлечат колку што е можно подобра сезона. Секако за такво нешто потребни се и засилувања, а Ерик Тен Хаг изгледа пронашол засилување во Ајакс.
Во прашање е напаѓачот Брајан Броби кој дебитираше за холандскиот гигант во времето кога Тен Хаг го водеше овој клуб.
Зад себе Броби има 101 настап за Ајакс и во нив постигна 40 гола додавајќи 11 асистенции. Освен за Ајакс во кариерата го носеше и дресот на Лајпциг.