Португалија има 3-0 против Узбекистан, а главен на теренот е Кристијано Роналдо кој постигна два гола. Роналдо прво го отвори резултатот во шестата минута со што стана и прв фудбалер кој постигнал гол на шест Мундијали. Подоцна во листата на стрелци се запиша и Нуно Мендеш, за Роналдо во 39-тата минута да постигне и втор гол за 3-0.