На денешниот тренинг македонските репрезентативци добија пријатно изненадување. Имено, во посета дојде легендарниот Андон Дончевски, првиот селектор во историјата на независна Македонија. Чичко Дончо беше гостин на тренинг центарот „Петар Милошевски“ и дополнително ги мотивираше фудбалерите со неговото присуство. „Јунаци, моја почит кон сите вас. Го кренавте македонскиот фудбал. Јас го почнав, тешко, меѓутоа знаев дека ќе дојде и генерација како …