На денешниот тренинг македонските репрезентативци добија пријатно изненадување.
Имено, во посета дојде легендарниот Андон Дончевски, првиот селектор во историјата на независна Македонија.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Чичко Дончо беше гостин на тренинг центарот „Петар Милошевски“ и дополнително ги мотивираше фудбалерите со неговото присуство.
„Јунаци, моја почит кон сите вас. Го кренавте македонскиот фудбал. Јас го почнав, тешко, меѓутоа знаев дека ќе дојде и генерација како вас“, им се обрати Дончевски.
Македонија квалификациите за ЕП 2024 година ќе ги започне в четврток кога на Националната арена „Тодор Проески“, ќе ја пречека Малта.
Фото: ФФМ