Српскиот интернационалец Немања Гојковиќ (31) е новото засилување за „црвено-црните“ и ќе настапува за Вардар најмалку до крајот на сезонава. Тој игра на позиција среден бек и доаѓа од Израел каде настапуваше последните три години, во тимот на Бнеи Херзлија. Со доаѓањето на Гојковиќ ќе се засили конкуренцијата на бековската позиција во тимот на Вардар. Во својата играчка кариера Гојковиќ бил вицешампион …