Дома Фудбал Останато Преговорите со Потер пропадна, Тен Хаг не е реалност – Ајакс има изненадувачки фаворит за нов тренер

Преговорите со Потер пропадна, Тен Хаг не е реалност – Ајакс има изненадувачки фаворит за нов тренер

Ajaкс на крајот сепак ќе успее до некаде да ја спаси сезоната бидејќи е на добар пат да се пласира во едно од европските натпреварувања по една сезоона во која во еден момент се најде дури и во зоната за испаѓање.

Во претходните години во Амстердам имаше многу погрешни одлуки, па сега е време за нов пресврт во форма на наоѓање адекватен тренер за да започне нова приказна за која навивачите се надеваат дека ќе биде успешна.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Преговорите со Греам Потер пропаднаа, пишуваат Холанѓаните, поради финансиските барања на поранешниот тренер на Челзи кој сакаше да го доведе својот скаут во клубот, па во најтесниот круг сега се наводно две имиња.

Прво, добро познато и можеби не толку реално, Ерик тен Хаг засега се уште е тренер на Манчестер Јунајтед, но тешко дека ќе потрае и тоа е една од причините што се споменува и како потенцијален тренер и на Баерн Минхен. Меѓутоа и да замине од Манчестер Јунајтед, засега не изгледа реално да се врати во Ајакс.

Друг кандидат и фаворит во овој момент е тренерот на Ница, Франческо Фариоли (35), кој имаше забележителни резултати особено во првиот дел од сезоната, по што следеше благ пад во играта.

По епизодите во Карагумрук и Аланијаспор, Италијанецот доби можност да ја води Ница, која стана препознатлива по цврстиот стил на игра и одличната одбрана, па би било интересно да се види како ваквата фудбалска филозофија ќе се вклопи во сето она што Ајакс претставува во светот на фудбалот.

Исто така Ајакс за него би требало и да плати оштета во период кога клубот се соочува и со одредени финансиски проблеми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Падна рекордот на Малдини и Албертини: Родри е нов рекордер

Манчестер Сити ја затвори сезоната со победа против Вест Хем од 3:1, а тоа за овој тим зна…