Дома Македонски спорт Каква чест: Миовски номиниран за најдобар во Шкотска!

Каква чест: Миовски номиниран за најдобар во Шкотска!

Македонскиот напаѓач Бојан Миовски зад себе има неверојатна сезона во Шкотска, а потврда за тоа е неговата номинација помеѓу четворицата фудбалери за играч на сезоната.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во најтесниот кург кандидати се уште Лоренс Шенкленд од Хартс, Џек Батланд од Ренџерс и Мет Орајли од редовите на Селтик. Миовски зад себе има фантастична сезона во која постигна 24 гола во сите натпреварувања, а со 15 во Премиер лигата на Шкотска е четврти стрелец.

Самата номинација во најтесниот круг во првенство како Шкотска е доказ за одличната сезона која ја игра македонскиот голгетер.

Треба да се знае и дека ако Миовски успее да ја освои оваа награда би станал првиот фудбалер по 11 години кој ја освоил, а не играл во Ренџерс или Селтик. Во изборот учествуваат спортските новинари од Шкотска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Милан го објави новиот напаѓач, кој доаѓа од ПСЖ за рекордна сума

Од Милан официјално го објавија ангажманот на напаѓачот Гонсало Рамош, кој пристигнува со …