Дома Кошарка Урнебесно: На Дончиќ на прес-конференција му пуштија звуци од филм за возрасни 🎥

Урнебесно: На Дончиќ на прес-конференција му пуштија звуци од филм за возрасни 🎥

Лука Дончиќ нема да го памети само по победата над Оклахома, туку и поради необичната ситуација на прес-конференцијата по натпреварот.

Имено, додека словенечкиот репрезентативец разговараше со медиумите од позадина можеа да се слушнат звуци од филм за возрасни. Очигледно беше дека Дончиќ е зачуден во тие моменти, но одлучи да се пошегува.

„Се надевам дека ова не е во живо“, искоментира низ шега кошаркарот.

Инаку, Дончиќ натпреварот го заврши со 29 поени, 10 скока и седум асистенции, а пред крајот на мечот имаше и судир со еден навивач на Оклахома.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Хејс-Дејвис погоди за победа, Обрадовиќ славеше како во деновите во Партизан

Панатинаикос ја доби драмата против Валенсија со 86:83, а покрај победничкиот кош, внимани…