Дома Фудбал Конференциската лига: Олимпијакос ја декласира Астон Вила и закажа финале со Фиорентина

Конференциската лига: Олимпијакос ја декласира Астон Вила и закажа финале со Фиорентина

Фудбалерите на Олимпијакос и по втор пат ја совлада Астон Вила (2:0) и со вкупни 6:2 се пласираа во финалето на Конференциската лига. За Олимпијакос ова ќе биде прво финале во европските клупски натпреварувања.

Грчкиот клуб со головите на Ел Каби во 10 и 78 минута дојде до триумфот против англискиот претставник.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Ајуб Ел Каби дефинитивно е еден од најзаслужните за одличните резултати сезонава на Олимпијакос во КЛ, само на двомечот против Астон Вила во 180 минути постигна пет голови.

Противник на Олимпијакос во мечот за титулата ќе биде италијанската Фиорентина која претходно го елиминираше белгискиот Клуб Бриж.

Финалето во Конференциската лига помеѓу Олимпијакос и Фиорентина ќе се игра на 29 мај во Атина што ќе биде и одлична можност особено за навивачите на грчкиот клуб да дојдат на трибините во што поголем број.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Падна рекордот на Малдини и Албертини: Родри е нов рекордер

Манчестер Сити ја затвори сезоната со победа против Вест Хем од 3:1, а тоа за овој тим зна…