Дома Фудбал Поразот во финалето на Лигата на шампионите на Борусија Дортмунд и носи повеќе пари отколку освојување на титулата

Поразот во финалето на Лигата на шампионите на Борусија Дортмунд и носи повеќе пари отколку освојување на титулата

Борусија Дортмунд и Реал Мадрид ќе се сретнат на 1 јуни на Вембли во финалето на Лигата на шампионите. Победникот на натпреварот ќе добие дополнителни 20 милиони евра на сите досега освоени пари, но интересно е што Борусија ќе заработи повеќе од тоа доколку загуби во финалето. Причината е нејзиниот трансфер на Џуд Белингем минатата година.

20-годишниот англиски играч за врска пристигна во Мадрид минатото лето во трансфер од Борусија Дортмунд. Вредноста на тој трансфер изнесуваше 103 милиони евра, но во таа сума не беа вклучени бонуси. Точната сума би можела да биде 133,9 милиони евра. Во трансферот Борусија договори голем број ставки според кои ја збогатува клупската каса поради игрите и успехот на Белингем. Секој гол, секое индивидуално признание, секој трофеј… сето тоа насочува милиони од Мадрид во Дортмунд.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Наводно, во таа зделка било договорено Реал да и плати на Борусија бонус од пет милиони евра, доколку за време на првиот договор на Белингем со мадридскиот клуб, односно во период од шест години, мадридскиот великан ја освои титулата во Лигата на шампионите. На ова треба да се додаде и евентуален бонус од два милиони евра доколку Белингем биде избран во најдобрите 11 од Лигата на шампионите, што е веројатно.

Бидејќи финалистот на натпреварувањето добива дополнителни 15 милиони евра, јасно е дека Дортмунд повеќе финансиски би заработил со пораз во финалето отколку со победа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Падна рекордот на Малдини и Албертини: Родри е нов рекордер

Манчестер Сити ја затвори сезоната со победа против Вест Хем од 3:1, а тоа за овој тим зна…