Жоао Феликс на лето би можел да се најде во нов проблем, Барселона не е подготвена да го купи, а Атлетико Мадрид не смета на него.
Извори од Мадрид денеска пишуваат дека Диего Симеоне јасно им ставил до знаење на луѓето во раководството дека клубот може да преговара со Барселона или со некој друг за продажба или позајмица на Феликс. Во текстот се додава и дека самите фудбалери не би сакале Португалецот да се врати.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Очигледно, на ниту еден од играчите не му се допадна тоа што Феликс го прослави гол против нив, слична е ситуацијата и со навивачите поради тој потег.
На играчите им е доста од неговото недолично однесување, веруваат дека не се вклопува во тимот и дека е премногу егоцентричен, а на теренот воопшто не прави разлика.
Се шпекулира дека Атлетико поставил цена од 60 милиони евра, но Барселона нема намера да плати толку. Дополнително, Чави изјави дека на позицијата лево крило повеќе би го сакал Дани Олмо или Нико Вилијамс.