Српскиот интернационалец Немања Гојковиќ (31) е новото засилување за „црвено-црните“ и ќе настапува за Вардар најмалку до крајот на сезонава. Тој игра на позиција среден бек и доаѓа од Израел каде настапуваше последните три години, во тимот на Бнеи Херзлија.
Со доаѓањето на Гојковиќ ќе се засили конкуренцијата на бековската позиција во тимот на Вардар. Во својата играчка кариера Гојковиќ бил вицешампион на Србија со 2019 и 2020 година со екипата на Металопластика од Шабац. Има настапувано и за екипите на Слога Пожега, Ашерслебен (Германија), Пролетер Зрењанин и Младост Чачак.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Има настапувано и во СЕХА лигата со Металопластика, и во ЕХФ Купот исто така со Металопластика. Најдалеку стигнал со Слога Пожега кога во 2018 година играле во четвртфиналето на Челинџ Купот.
За репрезентацијата на Србија има настапувано на Медитеранските игри во Тарагона во 2018 година.
„Голема чест и обврска е да се настапува за Вардар, за клуб со таква традиција и успеси. Воопшто не се двоеумев кога стигна поканата да дојдам тука. Убеден сум дека ќе му помогнам на клубот во неговите намери да освојува трофеи, а тоа е и мојата цел, и задача со доаѓањето вцо Скопје. Верувам дека заедно ќе успееме во нашите задачи, вели Немања Гојковиќ.
Вардар за пролетниот дел од сезоната ќе има две нови интернационални засилувања, а едно од нив е Гојковиќ. „Црвено-црните“ сметаат дека со ангажирањето на Гојковиќ, пред се добиле квалитетен човен и играч.
„Со ангажирањето на Гојковиќ добивме пред се играч каков што ни е потребен во нашата концепција. Неговите човечки карактеристики укажуваат на тоа дека е личност кој може многу да ни помогне. Нашите цели секогаш се високи, а ние сакаме да имаме играчи во тимот шѕо ќе одговорат на нашите барања, вели Борко Ристовски, Извршниот директор на Вардар.