Денес ќе се решат дилеми во неколку ниски европски лиги. Првенството завршува во втората лига на Италија и Холандија, а уште малку остана и во Франција, Германија и Шпанија. Ова е нашиот предлог тикет за денес.
Аугсбург – Штутгарт – Т22+ @ 1.57 во Mozzart
Швабите го победија Баерн во последното коло и најавија дека можат да ја бркаат вицешампионската позиција. Дури и да не успеат да ги престигнат, ова ќе биде исклучително успешна сезона за Штутгарт кој во минатата сезона беше дел од доигрувањето за опстанок. Аугсбург пак има само една победа на последните пет натпревари, поточно оствари четири порази и една триумфи, а се наоѓаат на 9-та позиција на табелата и за опстанокот не треба да бидат загрижени. Ние овде очекуваме гостите да постигнат најмалку два погодоци и типуваме Т22+ со квота 1.57 во Mozzart.
Анеси – Анже – 2 @ 2.01 во 22Bet
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Се игра претпоследното коло во француската Лига 2. Најголема битка се води за второто место и за директен пласман во елитата. На таа позиција со ист број бодови се Ст. Етиен и Анже. Во случај да завршат со ист број бодови ќе одлучува гол разлика, а Ст. Етиен има 5 гола повеќе. Тоа тешко дека Анже ќе го достигне на следните два натпревари. Домаќините пак се на долните позиции на табелата, но барем имаат солидна бодовна предност и само малку им фали за да бидат сигурни учесници во втората лига и следната сезона. Ние овде типуваме 2 со квота 2.01 во 22Bet.
Бари – Бреша – 1 @ 1.58 во Bet365
Тимот од Бари е во многу лоша позиција и тие се на долниот дел на табелата, а можни се три опции за нив. Првата е да бидат елиминирани директно, втората е да играат во бараж и третата е да обезбедат сигурен опстанок што и не е така лесно. Бреша пак веќе ќе игра во плеј оф и со тоа ја исполни својата цел за оваа сезона. Ние веруваме дека домаќините ќе дадат се од себе за да победат на овој натпревар. Типуваме 1 со квота 1.58 во Bet365.
ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet365: 4.99
Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk