Младиот англиски репрезентативец, 19-годишниот Џоб Белингам, кој го воведе Сандерленд во Премиер лигата, се наоѓа во Германија и преговара за премин во Ајнтрахт Франкфурт, објавија британските медиуми. За него се заинтересирани и Борусија Дортмунд и РБ Лајпциг. Во неделата, извршниот директор на Борусија Дортмунд Ханс-Јоахим Вацке беше во Англија и разговараше со Белингам и неговото семејство за доаѓањето на „Вестфален“. …