Дома Фудбал Левандовски е минато: „Машината“ од Косово станува нова „деветка“ на Барселона!

Левандовски е минато: „Машината“ од Косово станува нова „деветка“ на Барселона!

Се чини дека Барселона ја најде замената за Роберт Левандовски. Тоа е напаѓачот на Хофенхајм и репрезентацијата на Косово Фисник Аслани.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Роберт Левандовски ги одбројува последните денови во Барселона. Легендарниот Полјак ги спакува куферите и заминува по четири години, а кариерата веројатно ќе ја продолжи во Соединетите Американски Држави.

Барса одамна бара замена за него и изгледа дека го најде. Новата „деветка“ на каталонскиот гигант најверојатно ќе стане напаѓачот од Косово, Фисник Аслани.

Агентот на 23-годишниот фудбалер на Хофенхајм потврди преговори со Барселона за трансферот. Наскоро сето ова би можело да стане официјално.

„Агентот на Фисник Аслани потврди интерес од Барселона за овој напаѓач. Првите контакти веќе се воспоставени“, објавуваат каталонските медиуми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона и ПСЖ постигнаа договор: Ова се сите детали за трансферот на Феран Торес

Париз Сен-Жермен постигна прелиминарен договор со Барселона за трансфер на Феран Торес, и …