
Словенечкиот репрезентативец Лука Дончиќ ќе пропушти еден натпревар откако го достигна лимитот на технички грешки во НБА лигата, што би можело да го чини околу 317.000 долари.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
До 16. техничка грешка во сезоната дојде во петок за време на натпреварот против Бруклин Нетс.
Доколку суспензијата биде потврдена, Дончиќ ќе изгуби 1/145 од својата годишна плата, што е приближно 317.000 долари, кога ќе го пропушти следниот натпревар против Вашингтон Визардс, пренесува „ESPN“.
Техничката беше досудена по офанзивната грешка на 5:12 минути до крајот на натпреварот, кога Дончиќ и крилото на Нетс Зејер Вилијамс разменија зборови на теренот.
Иако финансискиот удар може да биде значаен, неговото отсуство веројатно нема да ја загрози формата на Лејкерс.
Во последните 12 натпревари, Дончиќ бележеше просечно 39,7 поени со 48,9% успешност на шутот (39,3% за тројки), 8,1 скокови, 6,9 асистенции и 2,5 украдени топки.
.Последователноста што водеше до 16-та техничка грешка на Лука Дончиќ:pic.twitter.com/vkOKgd9JCx
— Underdog NBA (@UnderdogNBA) 28 Март, 2026