
Фудбалерот на Реал Мадрид Tијагo Питарч би можел исто така да настапи за репрезентацијата на Мароко.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Иако е роден во Фуелабрада, Питарч има мароканско потекло и државјанство и може да избира помеѓу Шпанија и оваа африканска држава.
Голманот на Мароко, Боно, јавно го повика него.
„Тијагo би можел да игра за Мароко. Има семејство тука, исто како и во Шпанија. Тој ќе избере онака како што ќе почуствува и мисли дека е најдобро. Но, ние сакаме да знае дека го чекаме раширени раце. Секој играч со марокански корени е добредојден. И особено ако е играч на Реал Мадрид, што значи дека има огромен квалитет”, рече Боно.
Инаку, Питарч има настапувано за У19 и У20 селекцијата на Шпанија, но сè уште не добил повик од селекторот Луис Де Ла Фуенте.