
Леверкузен заврши голем трансфер. Иако се очекува заминување на неколку првотимци (некои веќе заминаа, други се на пат), Баер Леверкузен ќе работи и на нови доаѓања, а првиот кој ќе го облече дресот на „фармацевтите“ ќе биде Аксел Тап.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Овој млад централен дефанзивец има само 17 години и се смета за еден од најперспективните фудбалери во Европа, доаѓа од Пари Сен Жермен сосема бесплатно.
Неодамна одигра две цели натпревари по 90 минути во Лига 1. Сепак, во финалето на Лигата на шампионите против Интер, кое ПСЖ го доби со 5:0, не беше во составот.
Договорот го потпиша до 2030 година.
Тоа не е сè, се завршува и трансферот на голманот Марк Флекен. Овој фудбалер ќе биде платен 10 милиони евра, а на неговото место во Брентфорд доаѓа Келехер од Ливерпул.
Фото: Принтскрин