Дома Фудбал Баерн Минхен промовира ново засилување од Баер Леверкузен

Баерн Минхен промовира ново засилување од Баер Леверкузен

Тоа што се зборуваше месеци наназад, сега стана официјално. Јонатан Тах е нов играч на Баерн Минхен.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тој како слободен играч ќе премине во Баерн од Баер Леверкузен, потпишувајќи договор до 30 јуни 2029 година.

Централниот дефанзивец ќе го носи дресот со број четири и јасно е дека ќе биде големо засилување за тимот на Винсент Компани.

„Возбудени сме што можеме да му посакаме добредојде на Тах во Баерн. Како искусен играч, тој носи константност и квалитет кои ќе ја зајакнат нашата одбрана.

Тој е вистински адут за нас и исто така докажа дека знае да освојува титули”, изјави Јан-Кристијан Дресен, извршен директор на Баерн.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Неверојатно: Кејн го урна државниот рекорд!

Капитенот на фудбалската репрезентација на Англија, Хари Кејн, вечерва изјави дека е исклу…