Дома Фудбал Драма на тренингот: Селекторот на Романија му се слоши, итно е пренесен во болница!

Драма на тренингот: Селекторот на Романија му се слоши, итно е пренесен во болница!

Вистинска драма се одвиваше утрово на тренингот на романската репрезентација. Селекторот Мирчеа Луческу колабираше за време на тренингот и итно беше пренесен во болница.

Сè уште не се познати деталите за тоа што му се случи на 80-годишниот стручњак. Фудбалската федерација на Романија само информираше дека Луческу е во стабилна состојба.

Она што е извесно е дека Луческу нема да ја води екипата во пријателскиот натпревар против Словачка, кој се игра во вторникот, 31 март, во Братислава. Тоа е дуел на двете поразени репрезентации од баражите.

Романскиот новинар Емануел Росу ги пренесува последните информации за состојбата на легендарниот тренер.

“Луческу е во стабилна состојба. Ги чека резултатите од бројните испитувања. Новинарите кои беа таму велат дека од возилото на Брза помош им кажал: ‘Брзи сте. Би биле добри напаѓачи'”, наведува Росу.

Скоро потоа, и 80-годишникот се јави за романскиот GSP. Вели дека е добро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Суперкупот на Шпанија се преместува во Истанбул

Суперкупот на Шпанија ќе има нов дом во 2027 година, откако беше официјално претставен во …