
Лука Дончиќ е суспендиран, а одлуката на НБА лигата предизвика огромна прашина низ светот.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
НБА сега пак е во центарот на вниманието, но овој пат не поради спектакуларни потези или големи натпревари, туку поради одлуката која ги изненади речиси сите.
Суспензијата на Лука Дончиќ одекна како бомба во кошаркарскиот свет.
Лука Дончиќ е суспендиран поради правилото на НБА кое се однесува на техничките грешки за време на сезоната.
Имено, доби 16-та техничка грешка во сезоната 2025/26, а според правилата на лигата, тоа автоматски значи суспензија од еден натпревар.
Во НБА системот, штом играч добие 16 технички грешки, веднаш следува казна. Потоа, секоја дополнителна втора техничка грешка носи нова суспензија.
Дончиќ ја доби последната техничка за време на натпреварот на неговите Лос Анџелес Лејкерси против Бруклин Нетс, кога реагираше кон судиите во третата четвртина.