Дома Трансфер зона Taткото на Кварацахелија: Неговиот сон е да игра за Реал Мадрид

Taткото на Кварацахелија: Неговиот сон е да игра за Реал Мадрид

Грузиецот Квича Кварацхелија зад себе има фантастична сезона во која го предводеше Наполи до Скудетото во Италија.

Наполитанците по 33 години го освоија Скудетото, а Кварацхелија беше нивниот најважен играч. По такавата сезона секако грузискиот фудбалер се поврзува со најголемите европски клубови, а ако се суди според изјавата на неговиот татко Бадри Кварацхелија, негова желба е да заигра за Реал Мадрид.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Сонот на Квича е да ја освои Лигата на шампионите и да игра за Реал Мадрид, како и успех со репрезентацијата. Се надевам дека тие соништа ќе му се остварат, како што му се оствари за шампионска титула со Наполи“, изјави таткото на фудбалерот.

Договорот на Кварцахелија со Наполи има важност до 2027 година и во Неапол не сакаат да слушнат за негово заминување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи и Јувентус се „тепаат“ за дефанзивец на Атлетико

Челзи и Јунтус се борат за потписот на дефанзивецот на Атлетико, Марио Хермосо, пренесуваа…