Денес македонскиот спорт остана без уште едно познато име, на 73-годишна возраст почина Стојан Николов, поранешен судија и делегат.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Николов беше дел од судиската генерација која делеше правда на ракометните натпревари во СФРЈ. По осамостојувањето заедно со целата судиска организација беше важна алка во македонскиот ракомет и формирањето во формата која денес е препознатлива.
Кон крајот на кариерата работеше како делегат и таа улога ја извршуваше се до 2018 година кога се пензионираше.
Во минатото беше добитни и на неколку награди од РФМ и сојузот на спортови.