Како и секој ден се до затварањето на трансфер пазарот, редакцијата на Спортски.мк ќе ве известува за сите трансфери и трансфер гласини и се што е поврзано со трансфер пазарот во Европа.
ТУКА можете да се потсетите што вчера се случуваше на трансфер пазарот во Европа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
– Денот започнува со вистинска сензација од „Мундо Депортиво“, спореди информациите на овој медиум ПСЖ е спремен да испрти понуда од 270 милиони евра за услугите на Фелипе Кутињо. (ОВДЕ)
– Уругвајскиот фудбалер од средината, Лукас Тореира денес пристигна на прегледи во Лондон и наскоро се очекува да стави потпис со тимот на Арсенал. (ОВДЕ)
– Секако, мора да има и некоја информација за мега трансферот на Роналдо во Јувентус. Најпознатиот експерт за трансфери, Џанлука Ди Марцио тврди дека трансферот на Португалецот во Торино е завршена работа. (ОВДЕ)
– Играчот за врска на Ница, Жан Мишел Сери, според медиумите на Островот се наоѓа во Лондон и наскоро се очекува да донесе одлука помеѓу Арсенал и Челзи. Поголеми се шансите да го облече дресот на „сините“ со кој преговара веќе неколку недели. (ОВДЕ)
– Осман Дембеле побарал разговор со управата на Барселона бидејќи е незадоволен од својот статус во клубот. Според британски „Мирор“ интерес за неговите услуги покажал Манчестер Јунајтед. (ОВДЕ)
– Синот на легендарниот Роналдињо, Жао Мореира наскоро се очекува да пристигне во Европа. Интерес за 13 годишниот фудбалер покажуваат Пари Сен Жермен и Евертон. (ОВДЕ)
– Во овој момент за потписот на Србинот, Сергеј Милинковиќ Савиќ во игра се само Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид. Неговата иднина би требало да биде позната до крајот на јули. (ОВДЕ)
– Во дел од италијанските медиуми се пишува дека Кристиано Роналдо имал телефонски разговор со Масимилијано Алегри. Секако тренерот на Јувентус му порачал на Португалецот дека добредојден. (ОВДЕ)
– „Тутоспорт“ пишува дека Јувентус ја разгледува можност за ангажман на српскиот стопер од Фиорентина, Никола Миленковиќ,
– Официјално: Легендарниот голман Волкан Демирел го продолжи договорот со Фенербахче на уште една сезона.
– Лацио спрема нов договор за напаѓачот Чиро Имобиле според кој фудбалерот би добил покачување на платата од сегашните 2.5 милиони евра по сезона на три милиони.
– Саутемптон го договори трансферот на стоперот на Борусија Минхенгладбах, Јаник Вестергард, тој во клубот од Премиер лигата пристигнува за сума од 20 милиони евра.
Southampton have agreed an £18m fee for Borussia Monchengladbach defender Jannik Vestergaard. (Source: SkySports) pic.twitter.com/XkA4DIIgeL
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) July 9, 2018
– Џордан Пикфорд блеска на Мундијалот и во овој момент сигурно е еден од голманите кои најмногу покажаа на Светското првенство, според италијанските медиуми токму тој би можел да биде замената за Алисон во редовитен а Рома.
Calciomercato Roma, suggestione Pickford ma Alisson è bloccato https://t.co/SujU8tD7eS #AsRoma #RomaForever #Alisson #Calciomercato #Pickford via @romaforever_it
— RomaForever.it (@romaforever_it) July 9, 2018
– Џек Вилшер е пред трансфер во редовите на Вест Хем каде што ќе биде помеѓу најплатените играчи во клубот со плата од 120 илјади евра неделно.
– Тимот на Милан ќе се обиде да се ослободи од вишокот фудбалери, а први кој би можеле да го напуштат клубот се Локатели и Борини.ж
– Според информациите од Италија, нов клуб на Локатели ќе биде Сасуоло кој е спремен во целост да го откупи неговиот договор (ОВДЕ)
– Италијанскиот агент Бепе Бозо им се придружи на оние кои тврдат дека трансферот на Роналдо во Јувентус е завршена работа (ОВДЕ)
– Интер на големо работи на тимот за наредната сезона. Хрватот Шиме Вршаљко ги договорил личните услови и преостанува да се договорат само двата клуба. „Нероауурите“ спремаат и офанзива и враќање на Рафиња од Барселона кој изминатата сезона настапуваше како позајмен фудбалер на „Џузепе Меаца“ (ОВДЕ)
– Џек Вилшер пристигна во просториите на Вест Хем на потпишување на договор со лондонскиот клуб.
Jack Wilshere spotted at the London Stadium wearing a West Ham shirt. (Source: @WestHamAtHome) pic.twitter.com/gJ3p3zrh2K
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) July 9, 2018