Не се појави на припремите и очигледно има дозвола да го напушти клубот, сега останува да се види која дестинација во Лондон.
Одличниот Жан Мишел Сери се уште не одлучил.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Според информациите од Островот тој пристигнал во Лондон, а во игра за негов нов клуб се Челзи и Арсенал. „Сините“ преговарат со играчот за врска веќе неколку месеци, но во последен момент се вклучи и Арсенал.
Овој фудбалер доби понуди и од Фулам и Вест Хем, дури се пишуваше и дека ги избрал „чеканите“, но сепак подоцна се покажа дека англиските гиганти сепак се опција која е повеќе примамлива, што е разбирливо.
Како што споменавме Сери не се појави на припремите на Ница, а тоа ја покажува и неговата јасна намера да замине.
Да потсетиме минатото лето беше пред трансфер во Барселона, го доби и прекарот „црниот Чави“. Оваа сезона не играше во таква форма, но сепак забележа солиден учинок од седум постигнати голови и девет асистенции.