Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо е се поблиску до трансфер во Јувентус, а се очекува да се официјализира во текот на оваа недела.
Откако Португалија испадна од Мундијалот, Роналдо конечно доби одмор после долгата сезона. Овој фудбалер со своето семејство е на одмор во Грција каде ќе помине неколку дена, но навивачите на Јувентус се надеваат дека ќе го прекине одморот за кратко за да го потпише договорот со овој клуб.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Навивачите на Старата дама се сигурни дека Роналдо ќе дојде во нивниот клуб, а веќе во продажба се појавува и дрес на Роналдо во Јувентус. Италијанските медиуми пренесуваат дека трансферот би требало да заврши оваа недела и дека Португалецот веќе разговарал со тренерот Масимилијано Алегри.
Наводно, Роналдо сакал да разговара со Алегри за да види дали се вклупува во неговите планови. Нормално, како и секој тренер на светот, му порачал на Роналдо дека за него секогаш ќе има место во екипата и дека не постои план во кој тој не може да се вклопи.