Клаудио Лотито е јасен и бара најмалку 155 милиони евра, но не би имал ништо против и Милинковиќ Савиќ да го задржи уште една сезона.
Листата на потенцијални клубови за Сергеј Милинковиќ-Савиќ после офанзивата на Јувентус кон Кристиано Роналдо се сведе на само две имиња – Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Како што пишуваат италијанските медиуми, агентот на Сергеј, Матеја Кежман во Рим донел две понуди, а според најавите кои пристигнуваат иднината на фудбалерот ќе биде позната до крајот на јули.
Контактите од заинтерсираните страни и понатаму се скриени под голема тајност, но она што е засега познато е дека понудата на Јунајтед е за 10 милиони евра поголема и во таа сума се пресметани боунсите. Сепак, Лотито сака повеќе, но и нема ништо против Сергеј да го задржи во клубот уште една сезона.
Флорентино Перез и понатаму не повлекува конкретни потези, веројатно се чека да се заврши сагата со Роналдо и во клубот да пристигнат стотина милиони евра од Јувентус.
Како и да се очекува иднината на највредниот српски фудбалер да биде решена најдоцна до следните две до три недели. Засега три опции се во игра – Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед или останување во Лацио.