Дома Трансфер зона Италијанскиот агент нема дилеми: Роналдо наскоро ќе објави дека е нов играч на Јувентус

Италијанскиот агент нема дилеми: Роналдо наскоро ќе објави дека е нов играч на Јувентус

Кристиано Роналдо се уште се наоѓа во центарот на вниманието поради шпекулациите дека ова лето ќе го напушти Мадрид и кариерата ќе ја продолжи во редовите на шампионот на Италија, Јувентус.

Минатата недела фудбалската јавноста остана изенадена кога сите светски медиуми и познати новинари објавија дека Кристиано Роналдо го напушта Мадрид и се сели во Јувентус.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На почетокот изгледаше дека сето тоа е само една од низата шпекулации, но набрзо беше јасно дека е нешто сериозно.

Италијанскиот агент Бепе Бозо истакна дека според него трансферот на Роналдо е завршен.

„Ги следам овие случувања со денови и со големо нетрпение очекувам да видам што ќе се случи на крајот. Кога се споменуваат вака големи трансфери, ако ништо не е сериозно веднаш добиваме демант. Она што мене ме убеди дека работата Роналдо оди во Јувентус е фактот што никој досега не демантираше. Роналдо сега ужива на заслужениот одмор, но верувам дека наскоро ќе објави дека е нов играч на „старата дама“, изјави Бозо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан почна преговори со мексиканската ѕвезда

Главна цел на Милан во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен напаѓач кој ќе може…