Дома Топ вести TРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Последен ден од преодниот рок – следете се од минута во минута!

TРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Последен ден од преодниот рок – следете се од минута во минута!

ПОСЛЕДЕН ДЕН ОД ПРЕОДНИОТ РОК! Со спортски следете се што се случува и бидете во тек!

Да започнеме со една вест од вчера вечерта. Голманот и капитен на Вардар Филип Гачевски објави дека ќе останат во Анталија да се одиграат двата преостанати припемни натпревари и ќе се надеваат на решение (тука).


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Немања Матиќ порачал дека сака да остане „Олд Трафорд“ и дека ќе ги одбие понудите од други клубови доколку Јунајтед му достави понуда за нов договор.

Интер и Џенова вчера не се договорија за Пандев да се врати во Милано, па сега „нероаѕурите“ вниманието наводно повторно го насочиле кон Жиру, се споменуваше и Слимани.

Maрко Пјаца денес ќе го комплетира трансферот во белгиски Андерлехт. Претходно во овој преоден рок на Хрватот му пропаднаа преговори со Каљари и Сампдорија.

Кеисуке Хонда бара блиндиран автомобил за потпис! (тука)

Од Бразил пристигна информација дека Матеус Фернандеш од Палмеирас ќе потпише договор со Барселона, па ќе биде испратен на позајмица во Реал Ваљадолид.

Да напоменеме дека преодниот рок во топ пет првенства (Италија, Франција, Германија, Шпанија и Англија) се затвара вечерва во 00:00.

Рио Фердинанд откри дека барал мислење од Роналдо за Бруно Фернандеш кој вчера беше претставен во Манчестер Јунајтед. (тука)

Утрово се појави сензационална вест од Островот дека Тотенхем работи на трансфер на Герет Бејл. Сепак, на конференцијата за медиуми која пред малку заврши Зинедин Зидан порача дека не верува во таков расплет.

Официјалн: Пандев во Џенвова за соиграч го доби Иаго Фалке.

Останува! Наслновата страна на „Л’Eкип за Кавани.

Италијански „Скај“ објави дека Фиорентина постигнала договор за трансфер на Софијан Амрабат. Фиорентина на Верона ќе и плати 20 милиони евра, плус 1.5 милион како бонуси. Амрабат ќе потпише договор на четири ипол години.

Oфицијално: Аталанта го доведе Адријан Темезе од Ница на позајмица со право на откуп за осум милиони евра.

„Би-Би-Си“ најавува напад со 10 милиони фунти на Милан за Антон Робинсон од Виган.

Денес ќе се комплетира и трансферот на Емре Чан од Јувентус во Борусија Дотмунд. Чан веќе ги менува прегледите во Германија.

„Изгледа нема ништо да работиме денес. Јануари секогаш е тежок. Задоволен сум од играчите кои ги имам на располагање“, изјави Оле Гунар Солскјер. Толку од Манчестер Јунајтед за овој преоден рок.

Во Фиренца е работно во последниот преоден рок. После Амрабат завршен е и трансферот на Алфред Данкан.

Oфицијално: Сендрик Сораеш е нов играч на Арсенал! (тука)

Oфицијално: Ренџерс го доведе Ланис Хаги од Генк. Пристигнува на позајмица со право на откуп.

Денес се очекува Селтик да ја комплетира позајмицата на Виктор Ванијама од Тотенхем.

Рајан Бенет од Вулвс ќе се пресели на позајмица во Лестер. Бенет во овие моменти ги минува медицинските прегледи. Лестер ќе има опција да го откупи неговиот договор на крајот од сезоната.

Официјално: Блерим Џемаили ја напушти Болоња и се пресели во кинескиот Шенжен. Засега не е познато колкава оштета добила Болоња, но се знае дека Џемаили потпиша договор на две години вреден вкупно шест милиони евра.

После изјавата на Зидан добивме и потврда од агентот на Герет Бејл, Џонатан Барнет дека веста за можен трансфер во Тотенхем денес е само медиумска шпекулација: „Нема да коментирам измислени вести“, гласеше одговорот на Барнет.

Еве нови информации за Пјаца. Фудбалерот ги започнал медицинските прегледи во Андерлехт.

Познато зошто пропаднал трансферот на Кавани во Атлетико – се уништиле менаџерите! (тука)

Бакамбу тргнал кон Каталонија – Барса го стопирала трансферот! (тука)

Официјално: Камил Гросицки нов играч на ВБА!

Спортскиот директор на Лацио, Игли Таре се упатил кон Лондон на финализација на договорот за Оливие Жиру.

Oфицијално: Тринкао е нов напаѓач на Барселона! (тука) Очигледно познато кој бил причината што Бакамбу морал да се врати назад.

Антони Робинсон пристигна на лекарски прегледи и потпис со Милан!

Oфицијално: Јаник Караско е старо-нов играч на Атлетико Мадрид!

Флоренци претставен во Валенсија.

Најнова информација за Оливие Жиру. Иако претходно се појави вест дека спортскиот директор на Лацио Игли Таре отпатувал во Лондон по Французинот сега пристигнува вест дека Жиру нема да го напушти Челзи во овој преоден рок.

Интер не се откажува од доведување на напаѓач во игра денес изгледа се Заза, Саломон Рондо и Бакамбу на кого му пропадна трансферот во Барселона.

Кевин Принс Боатенг според информациите од Германија и Турција е блиску до позајмица во Бешикташ.

Реал Сосиедад и дефинитивно ја отфрли можноста Вилијан Жозе во овој преоден рок да го напушти клубот.

Парма до крајот на денот ќе се обиде да доведе напаѓач. „Млекарите“ имаат две мети и двете се од Бреша. Едната е Алфредо Донарума кој минатата сезона беше прв стрелец во Серија Б, а втората е ветеранот Алесандро Матри кој не е задоволен со својот статус.

Манчестер Јунајтед се обидува да доведе напаѓач до крајот на денот. (тука)

Френк Лампард ги отфрли најавите дека Челзи ќе се обиде да го доведе Дрис Мертенс. Ова практично беше јасно со информацијата дека Жиру останува во редовите на „сините“.

Милан после Робинсон денес добива и уште едно засилување! (тука)

Официјално: 20 годишниот голман Натан Бишоп од Саутенд потпиша за Манчестер Јунајтед. Бишоп засега ќе биде дел од тимот на Манчестер Јунајтед до 23 години.

Раиола повторно прави проблеми со Донарума во Милан. (тука)

Oфицијално: Ботофаго изгледа му обезбедил блиндиран автомобил! Кеисуке Хонда е нивни играч!

Херта потроши 100 милиони евра! (тука)

Трансферот на Робинсон во Милан пред пропаѓање поради проблеми во договорот со Виган. Играчот ги помина лекарските прегледи, но настанаа проблеми помеѓу Милан и Виган.

Поради потешкотиите да се реализира трансферот на Робинсон, Милан е на добар пат да го врати Диего Лаксалт, кој првиот дел од сезоната беше на позајмица во Торино.

Лајпциг го комплетираше трансферот на Ангелињо од Манчестер Сити. Играчот доаѓа на позајмица до крајот на сезоната.

Арда Туран прави изненадувачки трансфер во бразилски Фламенго (тука).

Милан е заинтересиран за ѕвездата на Локомотив Москва, Алексеј Миранчук. (тука)

Официјално: Емре Чан е нов играч на Борусија Дортмунд.

Официјално: Милан потврди две засилувања пред затворање на преодниот рок. (тука)

ГОТОВО: Затворен зимскиот преоден рок во Италија.

Андерлехт ги комплетираше трансферите на Дејан Јовејлиќ и Марко Пјаца на позајмица до крајот на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал приреди епски пресврт и повторно е во финале🎥

Реал Мадрид се пласираше во финалето од Лигата на шампиони, откако после драма го победи Б…