Дома Трансфер зона Зошто пропадна трансферот на Кавани во Атлетико?

Зошто пропадна трансферот на Кавани во Атлетико?

Изгледаше дека се е спремно за трансфер на Едисон Кавани во Атлетико Мадрид. Се пишуваше и дека напаѓачот се поздравил со своите соиграчи во ПСЖ, на крајот сепак тој остана во Париз.

Според информаиите Атлетико имал договор со ПСЖ, но претставниците на Кавани барале преголеми премии за потпис и ја прекинале целата операција. Шпански „АС“ тврди дека Атлетико завршил со Кавани и нема да се обидува да го доведе повторно во јуни.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Пред три дена во ПСЖ ја прифатиле понудата од околу 15 милиони евра, меѓутоа барањето за поголема провизција на агентите ги откажало од реализација на трансферот. Наводно, сумата која менаџерите ја барале како провизија била скоро еднаква со онаа која Атлетико се договорил да ја плати ПСЖ.

Кавани оваа зима беше прва и изгледа единствена опција за Диего Симеоне за засилување во нападот, меѓутоа на крајот не испадна ништо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан во пол-позиција за новата холандска ѕвезда

Најголемите италијански клубови покажуваат сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа З…