Дома Трансфер зона Милан ја сака ѕвездата на Локомотив Москва

Милан ја сака ѕвездата на Локомотив Москва

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан е сериозно заинтересиран за ѕвездата на Локомотив Москва, Алексеј Миранчук.

„Спортмедиасет“ пренесува дека „росонерите“ веќе стапиле во контакт со рускиот играч за врска, кој треба да се пресели во Милано следното лето.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Миранчук го привлече вниманието на Милан за време на натпреварите од Лигата на шампиони, кога постигна гол во двата меча против Јувентус.

Во исто време медиумите во Русија потврдуваат дека се започнати преговори помеѓу двата клуба, а посредник бил агентот Габриеле Џуфрида.

24-годишниот Миранчук игра позади напаѓачите, но може да игра и на крилните позиции, а Милан е спремен да понуди помеѓу 20 и 25 милиони евра за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи и Јувентус се „тепаат“ за дефанзивец на Атлетико

Челзи и Јунтус се борат за потписот на дефанзивецот на Атлетико, Марио Хермосо, пренесуваа…