Седрик Бакамбу требаше да пристигне во Барселона како замена за повредниот Луис Суарез, но тој трансфер пропадна во последен момент.
Трансферот на Бакамбу пропадна буквално во моментите кога тој тргна кон Шпанија. Спортскиот директор на Барселона, Ерик Абидал вчера се договорил со Пекинг за трансфер на Бакамбу и напаѓачот требаше да пристигне на позајмица од шест месеци.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Поради корона вирусот тимот на Пекинг тренира во Кореа. Фудбалерот заминал на аеродром и имал ет за Хонг Конг од каде што требало да се упати за Барселона. Кога Бакамбу се симнал во Хонг Конг добил повик од Абидал кој му соопштил дека Барселона се повлекува. Така Бакамбу морал да се врати назад.
Фудбалерот се огласи на Твитер.
„Трансфермаркт, сменете ми ја биографијата СО „за малку играч на Барселона. Што и да се случи верувам во процесот. Се гледаме во некоја друга прилика, Гризман“, напиша фудбалерот.
Yo @Transfermarkt change my transfer history with "Almost @FCBarcelona" please ??
— Cédric Bakambu (@Bakambu17) January 30, 2020
No matter what happens we trust the process.
Thank God for everything ??
See you an other time @AntoGriezmann ? https://t.co/eeOzZMU7V2