Дома Трансфер зона Хонда за да потпише со новиот клуб побарал блиндиран автомобил

Хонда за да потпише со новиот клуб побарал блиндиран автомобил

Јапонскиот фудбалер Кеисуке Хонда е пред потпис со новиот клуб, но имал едно чудно барање.

33 годишниот фудбалер во текот на летото им се нудеше на Милан и Манчестер Јунајтед, потоа потпиша за Витесе. Сепак, неговата авантура во Холандија експресно се заврши.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Сега се појавија информации дека бразилскиот Ботофаго сака да го доведе Хонда и таа зделка наводно е блиску до реализација. Сепак, потпис се уште нема.

Бразилските медиуми пишуваат дека Хонда бара од клубот да му се обезбеди блиндиран автомобил за да стане нивни играчи.

Според информациите, Јапонецот нема да се откаже од своите барања и за да потпише Ботофаго ќе мора да му пронајде блиндиран автомобил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Англиските гиганти се „тепаат“ за Керкез

Манчестер Јунајтед, Челзи и Ливерпул се силно заинтересирани и ќе водат голема битка за ѕв…