Дома Македонски спорт Tренерот на Леванте: Барди дојде физички и психички исцрпен после настапите за Македонија

Tренерот на Леванте: Барди дојде физички и психички исцрпен после настапите за Македонија

Во изминатиот месец Енис Барди за Леванте има само три настапи или вкупно одиграни 85 минути за тимот кој се бори за опстанок во Ла Лига.

Најмногу минути Барди доби на натпреварот против Валенсија, едно цело време. Во овој натпревар имаше една добра прилика за гол кога ја искрши пречката од противничкиот гол. На двата натпревари претходно одигра 15 минути против Барселона и 25 минути против Севиља.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тренерот на Леванте, Алесандро Лисчи истакна дека македонскиот репрезентативец бил емотивно исцрпен после настапите за Македонија.

„Енис има мал пад во формата кој дојде после натпреварите за Македонија, тоа се случува затоа што имаше неверојатно психичка исцрпеност во тие натпревари. Освен тоа ние сега играме многу поагресивен пресинг, а Барди е поинаков тиоп на фудбалер, не е тип на играч за такви ситуации“, изјави стратегот на Леванте.

Сепак очекува во завршницата Барди да се врати во препознатливата форма.

„Во последниот период тренира во навистина силен ритам и верувам дека во завршницата ќе го видиме Енис каков што го знаеме. Јас се надевам дека повторно тој ќе биде наш важен дел од мозаикот“, истакна Лисчи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Нов голем успех за таеквондото во Македонија: Христијан Симоновски освои бронза!

Христијан Симоновски член на Македонската Таеквондо репрезентација, член на ТК Младост вче…