Дома Фудбал Среќата е надвор од „Олд Трафорд“ – тоа ќе го потврдат Рашфорд, Онана, Ентони…

Среќата е надвор од „Олд Трафорд“ – тоа ќе го потврдат Рашфорд, Онана, Ентони…

Некои од поранешните фудбалери на Манчестер Јунајтед ја најдоа среќата далеку од „Олд Трафорд“.

Јунајтед во последните години стана некој вид на проколнат дом за многумина, вклучувајќи и оние најскапо платени фудбалери од кои многу од нив неславно ја завршија својата мисија во клубот.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Како присуството во клубот да им ги ослабнува фудбалските вештини кои ги донесоа во славниот тим. Лошиот избор на тренери дефинитивно не им помогна да станат тоа што и тие, и сите околу нив, очекуваа дека ќе бидат во тимот.

Тие, поради широкиот спектар на фактори, не ги оправдаа големите очекувања и големите вложувања. Заминаа недореќени, со успеси и неуспеси. Повеќето од нив останаа запаметени на крајот како промашувања. 

А денес, далеку од „Олд Трафорд“, токму тие, токму тој Рашфорд, Онана, Хојлунд, Ентони, Мектомини, блескаат. Во Јунајтед сега сигурно си ги чешат главите по егзибициите на Рашфорд против Њукасл во дресот на Барселона (постигна два гола во победата 2:1), свесни дека Онана не е толку лош голман откако Камерунецот блесна во два натпревари од турското првенство (осум одбрани имаше против Фенер, даде асистенција за израмнувачкиот гол на Трабзон).

На “Олд Трафорд” сфаќаат дека можеби згрешиле и со Ентони, рекордно платеното засилување од Ајакс од пред три сезони. Толку лесно се ослободија од него, уверени дека тој, сепак, не е материјал за клубот. А можеби само не знаеја како да работат со него. Уметноста е и да најдеш каква жичка има играчот.

Ентони е денес, по феноменалната полусезона на позајмица во Бетис, најдобриот играч на зелено-белите кои му дадоа во меѓувреме постојан договор. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Легенда на Валенсија го критикуваше тренерот поради Димитриевски: Не е фер тоа што му го прават!

Поранешниот чувар на мрежата на Валенсија, Санти Кањизарес, остро се нафрли на тренерот Ка…