Дома Фудбал УЕФА на нозе, Барселона поднесе жалба за судењето: „Одлуките не беа во согласност со правилата на играта“

УЕФА на нозе, Барселона поднесе жалба за судењето: „Одлуките не беа во согласност со правилата на играта“

Каталонскиот тим победи на реваншот со 2:1, но победата на Атлетико на Ноу Камп во првиот натпревар со 2:0 беше пресудна.

По натпреварот во Мадрид, во редовите на Барселона беа незадоволни од судењето предводено од главниот арбитер Клемент Турпин.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Особено во Барселона се чудат што Атлетико го заврши натпреварот без жолт картон, а сметаат дека на Барселона ѝ се ускратени два пенала, како и дека црвениот картон на Гасија е дискутабилен.

Во каталонскиот клуб нема да мируваат и ќе поднесат жалба до УЕФА.

Барселона ја објави оваа одлука на својата официјална страница.

„Фудбалскиот клуб Барселона поднесе жалба до УЕФА во врска со постапката на судење на натпреварот во рамките на четвртфиналето на Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид.

Клубот смета дека на двата натпревари се донесени неколку судиски одлуки кои не биле во согласност со правилата на игра, што е резултат на неправилна примена на прописите и недостаток на соодветна интервенција на ВАР системот во случаи од јасно значење.

Акумулацијата на овие грешки директно влијаеше на текот на натпреварите и на конечниот исход на резултатот, предизвикувајќи значителна спортска и финансиска штета на клубот.

Со оваа жалба, клубот ги повторува барањата кои претходно ги упати до УЕФА и истовремено нуди соработка со организацијата со цел подобрување на системот на судење за да се обезбеди поригорозна, поправедна и потранспарентна примена на Правилата на играта“, се наведува во соопштението на Барселона.

Исто така, на судењето се пожали и Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер Сити и Бернардо Силва официјално ја објавија разделбата

Манчестер Сити официјално потврди дека Бернардо Силва ќе го напушти клубот по завршувањето…