
Ливерпул е јасен околу тоа дека во крајот на сезоната мора да направи сериозни промени, а сé укажува дека Арне Слот ќе го напушти тренерското место на овој тим.
Месеци наназад се дискутираше дека Чаби Алонсо е идеалниот кандидат за управата на Ливерпул и се очекуваше дека ќе биде следниот тренер на клубот.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Сепак, се случи значаен пресврт и ново име се појави како фаворит за водство на тимот од Енфилд.
Станува збор за Јулиан Нагелсман, чии претставници во последните денови имале контакти и со раководството на Манчестер Јунајтед.
Тренерот, кој има 38 години, се смета за еден од најпрогресивните млади тренери во Европа и покрај својата возраст, веќе има значајно искуство на врвен ниво.
Нагелсман ја започна тренерската кариера во Хофенхајм, а потоа го продолжи патот во РБ Лајпциг.
Таму дополнително ја засили својата репутација и во 2021 година стана тренер на Баерн Минхен, каде што освои титула шампион на Германија.
Тој го презеде кормило на германската репрезентација во 2023, иако тој потег следеше откако не доби позиција на клупата на Челзи.
Нагелсман има јасна амбиција да работи во Англија, а Ливерпул може да му даде можност тоа да го оствари.
Се шпекулира дека неговите претставници водат разговори и со Манчестер Јунајтед, но и со Ливерпул, кој е во понапредната фаза на преговорите за обезбедување договор.