
Реал Мадрид не успеа да се пласира во полуфиналето на Лигата на шампионите, а сите шанси укажуваат дека на крајот на сезоната Алваро Арбелоа ќе добие отказ. Флорентино Перез веднаш стапил во контакт со тренерот кој по секоја цена сака да го врати во кралскиот клуб, но добил јасна порака уште на почетокот.
Реал Мадрид се прости од Лигата на шампионите во четвртфиналето бидејќи беше поразен во двомечот против минхенскиот Баерн.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Првиот меч во Мадрид заврши со победа на гостите со резултат 2:1, а во спектакуларниот реванш на Алијанц Арена, на крајот Баерн успеа да победи со 4:3 и да се пласира во полуфиналето на најелитното клупско натпреварување на светот.
Иако Реал одигра навистина многу добар меч во Минхен и беше блиску до обезбедување продолженија, на крајот Бајѓерн во самиот финиш даде два гола кои ја скршија играта и го одведоа германскиот гигант понатаму.
Со Реал веќе се поврзуваат многу тренерски имиња, но се знае кого Перес прв го контактираше и се обиде да го убеди да се врати во Реал Мадрид.ѓ
Во прашање е Зинедин Зидан кој како тренер постигна неверојатни резултати со Реал, и токму него Перез го гледа како идеален тренер за новата сезона кој може да ги врати Кралевите на врвот, но јасно е дека од тоа нема ништо.
Се наведува дека Зидан на самиот почеток на разговорите со Перез му порачал да не му испраќа понуда бидејќи тој нема да се врати во Реал Мадрид во овој момент, имајќи предвид дека веќе решил каде ќе ја продолжи кариерата.