Дома Фудбал Меси стана сопственик на шпански клуб

Меси стана сопственик на шпански клуб

Аргентинската ѕвезда Лионел Меси стана сопственик на трето-дивизискиот шпански клуб Корнеја.

Од клубот соопштија дека 38-годишниот Меси, кој има рекордни осум награди „Златна топка“ во историјата, стекнал 100 проценти од акциите.

Одлуката на Меси да го купи каталонскиот клуб, дополнително го приближува Корнеја и Барселона – местото каде Меси постигна најголемите успеси во својата кариера.

Тимот на Корнеја е основан во 1951 година, но целото негово постоење поминало на пониските нивоа на шпанскиот фудбал. Највисоко тимот се искачи во сезоната 2013/14, кога играше во Ла Лига 2. Од тимот произлегле играчи како Жорди Алба, Жерард Мартин и Давид Рая.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Погледнете каков спринт направи Адејеми во 90. минута (Видео)

Иако Барселона извојува убедлива победа против Расинг Сантандер со резултат од 7:2, главна…