
Според информациите што кружат, Реал е подготвен ова лето да продаде или ослободи најмалку осум фудбалери, додека некои имиња се веќе речиси прецртани кога станува збор за иднината во клубот.
На списокот се и искусни и млади играчи, што покажува дека во Мадрид не постои „недопирлив статус“ по разочарувачките резултати.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Давид Алаба и Дани Карвахал би можеле да го напуштат клубот по истекот на договорите, без планови за продолжување на соработката. Дани Себаљос. се веќе некое време надвор од плановите на стручниот штаб и неговото заминување се смета за многу веројатно.
Во исто време, одредени промени би можеле да ги погодат и младите сили. Франко Мастантуоно би можел да замине на позајмица за да го докаже својот потенцијал, додека како кандидати за заминување се споменуваат и Едуардо Камавинга, Фран Гарсија и Раул Асенсио.
Посебно изненадување на списокот е Гонзало Гарсија, кој би можел да го напушти клубот со опција за “buy-back” клаузула.
Во Мадрид, според се’ изгледа, се подготвува големо летно чистење какво што ретко се гледа, а наредните месеци би можеле да донесат комплетен ресет на тимот.
Јасно е дека тие заминувања ќе гарантираат и некои доаѓања, така што не чека лудо лето во шпанската престолнина.
Во наредниот период, клубот ќе се обиде да пронајде и обезбеди адекватен тренер за новата сезона, кој според медиумските извештаи би требало да биде некој искусен со богата ризница на трофеи, како Мурињо, Клоп или Дешан, но никако „млади“ тренери како Арбелоа, Фабрегас или Нагелсман.
Реал испадна од Лигата на шампионите, остана и без други трофеи, а очигледно и без Ла Лига, бидејќи веќе сега има голем заостаток за водечка Барселона, која исто така се збогува од Лигата на шампионите.