Дома Фудбал Алегри во конфликт со управата на Милан, приказните за заминување се засилуваат

Алегри во конфликт со управата на Милан, приказните за заминување се засилуваат

Тренерот на Милан, Масимилијано Алегри има комплициран однос со управата, што би можело да го натера италијанскиот стратег да го напушти клубот на крајот од сезоната, иако тимот би можел да се квалификува за Лигата на шампионите.

Иднината на Алегри во Милан е неизвесна поради неговиот студен однос со дел од директорите на клубот, пренесува “Кориере дело спорт”. Весникот укажува на тоа дека тренерот не секогаш ја чувствувал поддршката на клубот оваа сезона, со исклучок на Игли Таре, и дека неговата иднина на “Сан Сиро” ќе зависи од плановите на Росонерите за наредната сезона.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Ако Милан избори место во Лигата на шампионите, Алегри очекува адекватни засилувања кои ќе додадат квалитет и длабочина за соочување со трите натпреварувања. Меѓутоа, ако тренерот не успее да ја постигне таа цел, и тој и спортскиот директор Игли Таре би можеле да го напуштат клубот по одлука на управата. Тренерот на Болоња, Виќенцо Италијано се спомнува како главен кандидат за позицијата на шеф на стручниот тим на Росонерите доколку дојде до разделба со Алегри.

Од друга страна, Алегри останува еден од главните кандидати за селектор на Италија. Сепак, ако Антонио Конте биде избран за нов тренер на Азурите, тогаш Алегри би бил на листата на Аурелио де Лаурентис за тренерската позиција во Наполи.

Ова не е првпат италијанските медиуми да шпекулираат дека Алегри е незадоволен од делувањето на управата на Милан. Тоа го натера италијанскиот стратег кон крајот на февруари да даде објаснување.

– Постои потполна хармонија со клубот околу шпекулациите кои се појавија неделава. Се разбира, во секоја дискусија може да има различни гледишта. Важно е сите да работиме за доброто на Милан. Многу сум среќен што се вратив во Милан после 15 години и започнав да работам со одлична група играчи. Клубот планира и ја структурира иднината на клубот. За да го направиме тоа, мораме да го постигнеме најважниот резултат. Во март сме во доста добра позиција. Сега треба да видиме дали сме доволно добри да останеме тука, или да го направиме последниот чекор. Меѓу мене и клубот постои хармонија – изјави тогаш Алегри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Трка со времето: Артета без најдобриот против Сити, а нема ни алтернатива?

Англиските медиуми пишуваат дека Букајо Сака сè уште има проблем со Ахиловата тетива и дек…