
Фудбалерите на Португалија и Унгарија одиграа нерешено, 2:2, во возбудлив натпревар од групата Ф од квалификациите за Светското првенство.
Португалците беа на минута од тоа да го потврдат својот пласман на Светското првенство, но Доминик Собошлај, со гол во 91-та минута донесе бод на својата екипа и ѝ остави на Унгарија барем теоретски шанси да стигне до првото место во групата, затоа што Португалија има пет бодови повеќе два круга пред крајот на натпреварувањето.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Унгарија поведе со голот на Атил Салај во деветтата минута, а Кристијано Роналдо, кој вечерва стана рекордер по бројот на голови во квалификациите за Светското првенство, со голови во 22-та и третата минута од судиското продолжение на првиот дел го претвори резултатот.
И кога се чинеше дека домаќините ќе слават во Лисабон, се појави Собошлај и израмни на 2:2.