
Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо се врати на настапите за Ал Наср по тензии со раководството на саудискиот шампионат поради, како што тврдеше, “различен третман”.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Тој не се согласуваше со тоа што на Ал Хилал им се дозволуваат одредени потези на трансфер пазарот, додека другите тимови немаат сличен третман. Поради тоа одби да тренира и игра, па дури се зборуваше и за негово заминување. Но, тоа нема да се случи, особено по неговата последна изјава.
“Сакам да останам тука. Ова е земја што ме прими, како и моето семејство и пријателите. Припаѓам во Саудиска Арабија – Среќен сум тука и сакам да останам тука”, рече Португалецот по натпреварот на “Крал Сауид стадионот”.
Постигна два гола против Ал Хазем во победата од 4:0, враќајќи го Ал Наср на врвот на табелата на домашното првенство со бод повеќе од Хилал.