Дома Фудбал Што се случува со Роналдо?! Португалецот го пропушти и третиот меч, а Ал-Наср продолжува да победува

Што се случува со Роналдо?! Португалецот го пропушти и третиот меч, а Ал-Наср продолжува да победува

Фудбалерите на Ал-Наср извојуваа победа во првата осмина-финална средба од вториот ранг на Азиската лига на шампиони, совладувајќи го Аркадаг (1:0) на гостински терен и тоа без присуството на Кристијано Роналдо.

Кристијано Роналдо го пропушти третиот натпревар по ред за Ал-Наср, но неговиот тим успеа да извојува уште една победа. Овојпат, гостуваа на Аркадаг од Туркменистан и ги совладаа со минимална победа од 1:0, во рамки на првиот меч од осмина-финалето на вториот ранг на Азиската Лига на шампиони.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Додека на претходните два меча неговото отсуство беше резултат на бојкот, овој пат Кристијано Роналдо едноставно не беше вклучен во составот. Напаѓачот во меѓувреме се врати на тренинзите по прекинување на штрајкот, и се очекува да биде подготвен за саботниот натпревар против Ал-Фатех.

Покрај Роналдо, и другите странски фудбалери како Садио Мане и Жоао Феликс не беа дел од патувањето во Туркменистан. Единствениот гол го постигна Абдулах Ал Хамдан уште во 19. минута. Оваа сезона, Роналдо настапи само на еден од седумте натпревари во ова натпреварување.

Реванш-натпреварот помеѓу Ал-Наср и Аркадаг се планира да се одржи во Ријад на 18 февруари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Наскоро паѓа еден од најважните потписи во Ливерпул!

Францускиот фудбалер наскоро ќе ја продолжи соработката со клубот, иако минатото лето изгл…