Дома Останати Тенис Сите го чекаат реваншот во Мадрид: За дербито на Реал и Арсенал се огласи и Алкараз

Сите го чекаат реваншот во Мадрид: За дербито на Реал и Арсенал се огласи и Алкараз

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз верува во пресврт во Мадрид, но на Реал против Арсенал нема да му биде доволна само вербата.

Неодамнешниот освојувач на мастерс турнирот во Монте Карло се искачи на второто место на АТП листата со својата прва титула во Кнежевството, а доброто расположение го следи и во Барселона.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Тој се врати во татковината за да учествува на турнирот серија 500 во каталонскиот град. Во првиот натпревар ќе се сретне со американскиот квалификант Итан Квин, но на прес-конференцијата се соочи со прашање кое нема врска со тенисот.

Еден шпански новинар го праша за мислењето за реванш мечот од Лигата на шампионите кој Реал во среда (21 ч) го игра со Арсенал.

“Пресврт на Реал? Секако, како вистински мадридиста секогаш верувам во враќањето на Реал”.

Реал Мадрид беше убедливо поразен во првиот дуел во Лондон (3:0), па за пласман во полуфинале покрај одлична игра и верба ќе им треба и малку среќа.

Подобриот од дуелот “лос бланкос” и “топчиите” во борбата за финале ќе се сретне со победникот од дуелот Пари Сен Жермен – Астон Вила..

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Родик: Алкараз е подобар од Ѓоковиќ и Надал, но има еден проблем

Познатиот тенисер Енди Родик вели дека Карлос Алкараз е подобар во овие години отколку што…