Маркус Рашфорд го предупреди Арсенал дека ќе се соочат со комплетно различен Манчестер Јунајтед кога во среда ќе се сретнат во натпреварот од Премиер лигата.
Јунајтед го победи Евертон со 4-0 во неделата и тоа беше прва победа за Аморим на клупат на Манчестер во Премиер лигата. Маркус Рашфорд одигра одличен натпревар во кој постигна два гола, а двоен стрелец беше и Џошуа Зиркзе..
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
“Охрабрувачки за нас е да научиме нешто ново и чувствувам дека можеме да бидеме многу посилни во овој систем”, изјави Рашфорд по дуелот со Евертон.
“Исто така, за другите тимови, ние досега не сме играле во овој систем, никој не знае што да очекува од нас и тоа ни дава добра позиција. Имаме многу играчи кои можат да играат на различни позиции, па можеме многу да менуваме за време на натпреварите и различно да се поставуваме.и.
“Возбудливо е. Не сакам да се занесувам, но тоа е енергијата и возбудата што ја сакаме.”
Сеуште е рано, но се чувствувам полн со енергија и подготвен за следниот натпревар [против Арсенал]. Овој натпревар само што заврши, но следниот секогаш е веднаш во фокусот. .”
Рашфорд знае дека е сè уште почеток во ерата на Аморим и сè уште има многу повеќе подобрувања кои треба да се направат, но тој е импресиониран од влијанието што Португалецот го има на тимот по само три натпревари.