Дома Фудбал Сари се враќа и тоа во гигант од Серија А?

Сари се враќа и тоа во гигант од Серија А?

Извесно е дека Сержо Консеисао нема да остане на клупата на Милан по завршувањето на оваа сезона, лошите резултати во првенството предизвикаа никакви други успеси да не може да ја продолжи соработката. 

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Одамна се зборува за потенцијалните замени.

Масимилијано Алегри е еден од нив, а сега се појави и името на Маурисио Сари. 

Сари беше мета и по заминувањето на Фонсека во декември, но тогаш одби краткорочен договор од страна на Милан, по што клубот одлучи да го ангажира Консеисао. 

Милан има клаузула според која може да го раскине договорот со Консеисао на крајот на оваа сезона, иако е договорена соработка до 2026 година. 

Сари има големо искуство, со Јувентус ја освои титулата, а со Челси беше на врвот на Европската лига. 

Фото S.S. Lazio/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лукаку го одигра последниот натпревар за Наполи

Напаѓачот на Наполи Ромелу Лукаку нема да учествува во последните два натпревари на тимот …