Дома Фудбал „Знаеме кој е виновен“: Перез прозборуваше по скандалот кој го потресе Реал Мадрид

„Знаеме кој е виновен“: Перез прозборуваше по скандалот кој го потресе Реал Мадрид

Ситуацијата во соблекувалната на Реал Мадрид последниве денови стана главна тема во шпанските медиуми, а сега за сѐ се огласи и претседателот на клубот, Флорентино Перез.

Откако во јавноста протекоа информации за сериозен судир помеѓу Федерико Валверде и Орелиен Чуамени, Перез за првпат јавно ја коментираше целата ситуација.

Претседателот на Реал не сакаше да влегува во детали за самииот инцидент, но јасно порача дека најмногу го загрижува фактот што работи од соблекувалната завршуваат во медиумите.

„Знаеме кој го пушти ова во јавноста“, наводно рече Перез за време на обраќањето пред медиумите, алудирајќи на протекување на информации од клубот.

Да потсетиме, шпанските и европските медиуми последниве денови пишуваа дека помеѓу Валверде и Чоумени дошло до физичка пресметка по тренингот, а уругвајскиот играч за врска дури заврши и во болница поради повреда на главата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Македонија ја почнува новата сезона во Лигата на Нации – Швајцарија е гостин во Скопје!

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва од 20:45 часот на Националната арена „Тод…